Гравет од МЗТ Скопје Аеродром се сели во НБА лигата

1 min read

Дека беше еден од подобрите странци во последно време во таборот на МЗТ Скопје, Американецот Хасани Гравет го потврди и со ангажманот по заминувањето од аеродромскиот клуб, откако синоќа дојде информацијата дека потпишал договор со НБА екипата на Орландо Меџик.

Популарниот Сани беше дел од Орландо во Летната лига, каде што имаше просек од осум поени и по 2,6 скока и асистенции, по што доби шанска за докажување во тренинг-кампот на „магичните“ во пресрет на новата сезона.

Преселбата на Гравет во тимот од Флорида воедно е прва во историјата на кошаркар од македонското првенство директно во НБА-лигата, што е дополнителна потврда на исправниот начин на кој се бираат странските кошаркари за настап во МЗТ Скопје.

Одличниот бек минатата сезона настапи на 26 средби од домашното првенство со просек од 12,1 поени, 4,4 скока и 3,7 асистенции додека во АБА2 на 12 натпревари просечно реализираше 12,4 поени, 3,9 скока и три асистенции.

Минатата сезона Орландо не успеа да стигне до плеј-офот, односно го освои претпоследното 14 место во Источната конференција со учинок од 21 победа и 51 пораз.

Селекторот на атлетичарите е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Масовни протести во Салвадор, луѓето не сакаат биткоин како официјална валута

Следно

МЗ: Модуларната болница во Тетово изградена согласно сите предвидени процедури и стандарди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian