Гани: Морав да побегнам, тоа го направив за луѓето на Кабул

1 min read

Поранешниот авганистански претседател, Ашраф Гани (72) му се извини на авганистанскиот народ откако тој побегна во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Би-Би-Си.

„Напуштањето на Кабул беше најтешката одлука во мојот живот. Жал ми е што ова не заврши на друг начин“ рече Гани.

Гани на 15-ти август го напушти Авганистан додека талибанците го презедоа Кабул.

„Немав намера да ги напуштам моите луѓе. Но, тоа беше единствениот начин“ додаде Гани.

Тој на својот Твитер профил вчера се обрати кон јавноста.

„Заминав по повик на обезбедувањето на палатата, која ме советуваше дека доколку останам тоа ќе предизвика исти улични борби како оние штп се случија во градот за време на граѓанската војна во 1990 -тите години“, напиша тој, додавајќи дека го сторил тоа за да го спаси Кабул и неговите шест милиони жители.

Тој додаде дека му помогнал на Авганистан да стане „демократска, успешна и незавинса држава“.

Гани изјави дека со падот на Кабул, талибанците влегле во претседателската палата и од соба во соба го барале него. Тој негираше дека земал голема сума на пари со него, тврдејќи дека обезбедувањето „не му дозволило да ги соблече сандалите и да облече патики“.

Тој истакна дека дополнително ќе се огласи за состојбата со талибанците во Кабул.

Ашраф Гани го напушти Авганистан

Талибанците ќе дозволат заминување на 200 Американци и државјани на трети земји

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците ќе дозволат заминување на 200 Американци и државјани на трети земји

Следно

ОЈО: Продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово, обдукција на 14 починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian