Местото на вчерашната трагедија се уште мириса на чад. Екипата на „Слободен печат“ на лице место забележува засилено полициско обезбедување. Екипите на противпожарната единица работат на расчистување на местото, а увидната екипа работи на увид на причините за предизвикување на пожарот.

Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост соопшти денеска на прес-конференција. градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тaa изрази сочуство до семејствата на починатите и апелираше до институциите да ја продолжат истрагата.
– Во секое време кога ќе добиеме информации, ќе ги споделиме. Да се заблагодарам на сите сограѓани и на сите наши пријатели и во регионот и пошироко, кои се јавија и изразија подготвеност да помогнат, рече Арифи.


