Не бегам од одговорност, но одлуката за тоа дали ќе поднесам оставка, ќе ја донесам по завршувањето на истрагата, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата по повод вчерашната трагедија во модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица.
„Поради тоа што и во овој период има потреба од менаџирање на кризата, посебно околу пациентите во Тетово и сето она што значи процес на завршување на обдукционите наоди,“ изјави Филипче.