ФФМ: Сите натпревари од Првата и Втората лига ќе се одиграат в недела

1 min read

Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од Прва и Втора МФЛ дека Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела Македонија по големата трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица.

Планираните натпревари од третото коло во Втората македонска фудбалска лига (исток и запад), ќе се одиграат в недела.

Со едноминутно молчење пред секој натпревар во Прва и Втора МФЛ (исток и запад) ќе им биде оддадена почест на жртвите од големата трагедија.

Двојките од шестото коло во Првата лига се: Борец – Пелистер, Работнички – Брегалница Штип, Шкендија – Шкупи, Струга Трим Лум – Скопје, Тиквеш – Ренова и Академија Пандев – Македонија ЃП.

Двојките од третото коло во Втората лига – Исток се: Победа – Саса, Лок. Градско – Слога Виница, Беласица – Кит Го Пехчево, Детонит Јуниор – Кожуф и Осогово – Братство 07.

Двојките од третото коло во Втората лига – Запад се: Вардар – Воска Спорт, Охрид – Силекс, Гостивар – Беса 1976, Тетекс – Кадино Скопје и Кораб – Велешта.

Голден Арт КЛ7: Доколку не се преземат мерки од РФМ, првенството ќе се смета за нерегуларно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

БРАКО: Згрозени сме од манипулациите, работите се реализирани по сите стандарди за безбедност и квалитет

Следно

Полска ја игнорира одлуката на ЕУ, Унгарија ја поддржи Варшава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian