ДЗС: Во тек е надминување на помали технички предизвици, попишани повеќе од 200 000 граѓани за четири дена

1 min read

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200 000 граѓани, информираат денеска од Државниот завод за статистика.

ДЗС изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот.

– Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС, посочуваат дека досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полска ја игнорира одлуката на ЕУ, Унгарија ја поддржи Варшава

Следно

Очевидец од Тетово: Што можевме помогнавме, страшно беше, вадевме тела од болницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian