ДУИ изразува сочувство и апелира за целосно расветлување на случајот со пожарот во ковид-центарот во Тетово

1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски во вчерашната трагедија во ковид-центарот во Тетово, додека на повредените им посакува брзо закрепнување.

Од ДУИ бараат од надлежните институции да спроведат целосна истрага и целосно да го расчистат случајот, со цел, како што велат, да се утврдат причините кои го предизвикаа пожарот во ковид-центарот во Тетово.

– Истворемено, ДУИ апелира до сите да дадаат придонес до целосно расветлување на случајот од страна на надлежните институции. Воедно, Демократската унија за интеграција одлучи да ги откаже сите предвидени активности како почит кон сите што го изгубија животот во синоќешната трагедија, се вели во телеграмата со сочувство од ДУИ

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакциниран грчки генерал си поднел оставка од функцијата шеф на воена болница

Следно

Откриени фалсификувани ПЦР тестови на ГП Табановце и на аеродромот во Скопје

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian