Доктор Александар Станков: Обдукциите на 14-те починати од модуларната болница ќе бидат завршени денеска

1 min read

Директорот на Институтот за судска медицина, доктор Александар Станков, за „Слободен печат“ вели дека обдукциите на сите починати пациенти кои настрадаа во синоќешниот трагичен пожар кој изби во модуларната болница во Тетово ќе бидат завршени денеска. За да бидат идентификувани луѓето, не е исклучена можноста и да се користат и дополнителни методи.

– Донесени се 14 жртви, денеска ќе се завршат обдукциите, а идентификациите ќе бидат завршени најдоцна до утре зашто можеби ќе треба да користиме дополнителни методи, односно ДНК, ни рече доктор Станков.

„Слободен печат“ дознава: Нема жртви меѓу медицинскиот персонал, 10 лица се извадени живи од огнот

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОЈО: Обдукција на 14 починати, продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово

Следно

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian