Дали земјите од БРИКС ќе заведат ред во Авганистан?

2 mins read

Лидерите на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) изгласаа декларацијата за Авганистан

Земјите на БРИКС за време на он лајн самитот во Њу делхи ги повикаа сите страни во Авганистан да се воздржат од насилство, ја нарекоа приоритет борбата против тероризмот и трговијата со дрога, нагласувајќи ја потребата да се реши хуманитарната ситуација и да се почитуваат човековите права, вклучувајќи ги и правата на жените, децата и малцинствата.

Лидерите на земјите ја истакнаа својата посветеност во борбата против нелегалните финансиски текови, перење пари и финансирање тероризам.

Овие држави ја повикаа новата талибанска влада да не им дозволуваат на бројните терористички групи кои дејствуваат во ова област да ја користат авганистанска територија за напад врз други земји.

Земјите од БРИКС се заложија и за потребата од подобрување на хуманитарната ситуација во Авганистан.

Во соопштението се посочува дека земјите од БРИКС остро го осудуваат тероризмот во сите негови форми и појави, отфрлајќи ги двојните стандарди во борбата против него.
Покраај Авганистан земјите од БРИКС ги разгледуваа и другите светски актуелни теми

Тие повикаа на зачувување на нуклеарниот договор со Иран, а ја нагласија важноста од достапноста на безбедни и достапни вакцини против коронавирусот.

Земјите од БРИКС, исто така, ја потврдија својата посветеност да спречат милитаризација на вселената и трката за вооружување во оваа област.
Како една од најголемите грижи на лидерите на земјите од овој блок беше посочено зголемувањето на криминалот преку употреба на информатичка технологија.

Исто така, се наведува дека земјите се посветени на создавање отворена, безбедна, стабилна, достапна и мирна средина за употреба на информатичката технологија.

Тринаесеттиот самит на неформалното меѓудржавно здружение БРИКС се одржа со претседавањето на Индија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА ѕвезда импресионирана од Ѓоковиќ, стана голем фан на Новак

Следно

Се идентификуваат телата на загинатите во вчерашната трагедија, загинале и по двајца членови од едно семејство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian