Дали на САД им се заканува банкрот?

1 min read

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен испратила многу драматично писмо до американските конгресмени, пренесува Фајненшл Тајмс.

Јелен во писмото наведува дека министерството ги исцрпило сите „вонредни мерки“ за финансирање на државата и дека САД би можеле да се најдат во ситуација кога веќе не можат да ги платат своите обврски од октомври.

Министерката наведува дека не може точно да процени кога Америка може да банкротира, но предупреди дека тие немаат многу време и дека економската катастрофа мора да се спречи уште сега.

„Откако не се достапни сите можни мерки и готовини, односно кога ќе бидат целосно исцрпени, САД нема да можат да ги исполнат своите обврски за прв пат во својата историја“, напиша Јелен.

За да се спасат од банкротот, Министерството за финансии на САД минатиот месец ги суспендираше инвестициите во пензискиот и инвалидскиот фонд за социјални услуги, пензискиот фонд „Пост на Америка“ и федералниот пензиски систем за пензионирање. Со други зборови, тие престанаа да инвестираат во идните пензии на вработените кои работат во државни компании.

Соединетите држави се финансиски исцрпени од стимулациите за спречување на продлабочена рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Јелен, исто така, изјави дека банкротот може да предизвика „непоправлива штета“ на американската економија и глобалните финансиски пазари, и наведе дека дури и приближувањето кон таа можност прави огромна штета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совет на амбасадори: Надлежните да дадат детални информации за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово

Следно

Грчките медиуми за пожарот во модуларната болница во Тетово: Трагедија во Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian