Чудо од дете: Тригодишно момче со аутизам преживеало три дена во австралиска шума

3 mins read

Австралиските детективи се убедени дека тригодишното момче со аутизам е „вистинско чудо“, откако потполно сам прежувеал три дена во шума. Тие велат дека аутизамот му помогнал да се снајде бидејќи тоа „му спречило да паничи“, пренесува Дејли Меил.

Малиот Ентони Еј Џеј Елфалак во понеделникот беше пронајден во џемпер и пелени како седи во шумата одалечена на 500 метри од неговата куќа во северниот дел на Сиднеј.

Семејството и пријателите го прославија неговото неверојатно спасување во Долината на ловците во Нов Јужен Велс, откако претходно кружеа теории на заговор дека исчезнувањето било исценирано.

Корисниците на социјалните мрежи ширум светот шпекулираат дека детето не може да преживее само во шума без храна и вода, каде што температурата паѓа до два степени навечер.

Меѓутоа, полицијата која ги истражува околностите за исчезнувањето на детето рече дека според повредите и состојбата на Еј Џеј кога бил пронајден, сите тие биле во согласност со фактот дека тој цело време бил во шумата.

Детективите кои работеа со експертите, за да можат да развијат целосна слика за исчезнувањето на Еј Џеј, сугерираат дека неговиот аутизам всушност му помогнал да одржи мирна состојба на умот.

„Реалноста е дека тој воопшто не знаел дека е изгубен, така што тој не се плашел, не паничел. Кога тој ќе се уморел, легнувал да спие, бил близу до водата што е одлична работа за да се преживее во шумата“ рече истражителот.

Кога бил пронајден Еј Џеј, тој влегол во амбулантните возила што го чекале, по што болничарите го прашале „дали лакомо ја изел целата пица и дали брзо ја испил водата“, што се типични прашања за некој што не јаде со денови.

„Умираше од глад, што е доказ дека цело време бил во шума“ рекол еден од болничарите.

Детскиот институт на Сиднеј потврди дека децата со аутизам имаат „послабо чувство на опасност“ од другите и дека уживаат во истражувањето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сочувство од турското МНР за пожарот во Тетово

Следно

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian