Во име на Владата на Република Србија и во мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, напиша српската премиерка Ана Брнабиќ на својот Твитер профил, јави дописникот на МИА од Белград.
– Со голема болка ја примивме веста за трагедијата што ја погоди вашата земја. Ова е многу тажен ден и граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти, напиша Брнабиќ на Твитер.
Са великим болом примили смо вест о трагедији која је задесила вашу земљу. Ovo je веома тужан дан и грађани Србије су уз вас у овим тешким тренуцима.
— Aна Брнабић (@SerbianPM) September 9, 2021
Српскиот претседател Александар Вучиќ покрај телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев, во кој, како што сооппштија од неговиот кабинет изрази сочуство и понуди „секаква братска помош”, исто така, тој изрази сочувство и на својот Твитер профил до семејствата на жртвите во Тетово и на граѓаните на Северна Македонија.
– Бев крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово. Споделуваме голема болка со луѓето од Северна Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повреденети брзо се опоравување, напиша Вучиќ на Твитер.
Изузетно ме је погодила вест о пожару у болници у Тетову. Делимо огроман бол са народом Северне Македоније, спремни да пружимо сваку братску помоћ. У своје и у име грађана Србије, изражавам саучешће породицама настрадалих и грађанима Северне Македоније, повређенима брз опоравак.
— Александар Вучић (@predsednikrs) September 9, 2021
Извор: МИА