Боатенг прогласен за виновен за удирање на поранешната девојка: Ќе плати милиони, но куртули од затвор

1 min read

Германскиот репрезентативец Жером Боатенг е прогласен за виновен за физички напад на поранешната девојка и поради тоа ќе мора да и исплати 1.8 милиони евра, наложи судот во Минхен.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен,  физички ја нападнал, ја удрил и на навредувал Шерил која е мајка на нивните ќерки близначки за време на одморот на Карибите во 2018 година.

Може да се каже дека Боатенг дури и добро помина со парична казна од 1.8 милиони евра бидејќи обвинителството бараше затворска казна од пет години.

Боатенг на судот се правдаше дека тоа била „токсична врска и за двајцата“ и дека тој бил жртвата во врската, но е докажано дека тој и удрил шлаканица на Шерил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Боатенг прогласен виновен за удирање на поранешната девојка: Ќе плати милиони, но куртули од затвор

Следно

Каква порака испраќа Ким во светот? Две скриени пораки од воената парада во Пјонгјанг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian