Бајден ќе обелодени нов план за борба со пандемијата во САД и во светот

2 mins read

Претседателот на САД Џо Бајден денеска треба да обелодени нова стратегија за борба против Ковид-19 пандемијата, што во САД продолжува и покрај широката достапност на вакцината.

Претседателот, пред тоа се очекува да потпише указ за обврзно вакцинирање на сите федерални службеници чиј број изнесува 2.1 милион, јави Вашингтон пост.

Според Центрите за контрола на заболувањата (ЦДЦ), моментално во САД се вакцинирани 53 отсто од сите Американци, или две третини од возрасното население. Но Админстрацијата е принудена да понуди нов правец во борбата со коронавирусот во време кога инфекциите во текот на една седмица заклучно среда пораснаа просечно до 1.524 дневно, споредено со само 509 случаи пред еден месец. Од болеста досега починаа над 649.000 Американци.

Според претставник на Белата куќа, Бајден во својот настап ќе се задржи на шест области, влучувајќи нови планови за зголемување на нивото на вакцинација, засилување на заштитата на вакцинираните и обезбедување непречена работа на училиштата. Ќе претстави и меѓународна агенда со повик за глобален самит за вакцинација.

Планот на претседателот исто така опфаќа такви сфери како експанзија на тестирањето, носење маски, заштита на ослабената економија предизикано од пандемијата и подобрување на здравството за лекување од коронавирус.

-Знаеме дека поголемото ниво на вакцинација ќе го запре ширењето на вирусот, ќе овозможи негово земање под контрола, ќе им го врати на луѓето нормалниот живот, изјави денеска на прес брифинг портпаролката Џен Псаки.

Додаде дека пред Администрацијата останува уште многу работа. -Сеуште водиме војна со вирусот, рече таа.

Во земјата многумина сеуште се скептични кон инекциите, но Белата куќа веќе објави план за понуда на бустерни дози на целосно вакцинираните.

Светската здравствена организација и многу експерти сметат дека богатите земји не треба да започнуваат повторна вакцинација додека не се вакцинираат максимален број на луѓе низ целата планета.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русковска ја бара целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници

Следно

18-годишна девојка од Гевгелија почина од Ковид-19, неофицијално била бремена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian