Авганистан доби хуманитарна помош од пет земји

1 min read

Авганистан денеска доби хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, од пет земји, изјави владин претставник.

Сиромашната земја, уништена од 20-годишната војна, сега е во тешка економска криза, а сиромаштијата може да се види насекаде во главниот град Кабул, а луѓето дури и молат за леб за да преживеат, јавува Анадолија.

Според Абдул Хади Хамдарда, вработен во меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, четири авиони од Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Пакистан слетале во Кабул, натоварени со храна и лекови за неодамна воспоставената привремена талибанска администрација. Авганистан доби помош и од соседен Туркменистан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како актерот Жан-Пол Белмондо помогна во основањето и растот на ПСЖ

Следно

Модерна развива нова вакцина против респираторни вируси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian