Англичаните се против идејата на Инфантино и ФИФА, Мундијалот да се игра на секои две години

2 mins read

Екипите од Премиер лигата како и од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) денеска се изјаснија дека се против идејата Светското првенство да се одржува на секои две години.

Екипите во заедничко соопштение со ЕФЛ наведоа дека „цврсто и едногласно“ се противат на плановите на Светската фудбалска федерација да воведе нов формат со кој Мундијалот наместо на четири би се одржувал на секои две години.

„Лигите заедно со останатите актери ќе работат на спречување на управните тела во фудбалот да носат еднострани одлуки кои ќе му нанесат штета на домашниот фудбал кој пак е темелот на нашата индустрија и е од најголема важност за клубовите, играчите и навивачите низ Европа и светот. Новите натпреварувања, обновени или проширени натпреварувања не се решение за актуелните проблеми за клупскиот и репрезентативниот фудбал. Календарот за натпреварувања бара согласност од сите заинтересирани страни и само така може да има рамнотежа меѓу клупскиот и репрезентативниот како и помеѓу домашниот и меѓународниот клупски фудбал“, стои во соопштението на премиерлигашите и на ЕФЛ.

ФИФА на конгресот кој се одржа во мај годинава на предлот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија се согласи да направи студија за промена на календарот и Светските првенства наместо на четири да се одржуваат на секои две години.

Шеф на програмата на ФИФА за глобален развој на фудбалот е Арсен Венгер кој веќе започна консултации за предлогот на Саудиска Арабија но уште на стартот наиде на отпор кај двете најмоќни европски федерации, УЕФА и фудбалската федерација на Англија.

ФИФА претера, сака Мундијалите да се играат на секои две години

Првиот човек на УЕФА го крена гласот против ФИФА: Не е добра идеја да се игра Светско првенство на секои две години

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

 Австралија прими 3.500 луѓе од Авганистан

Следно

Германскиот министер Рот изрази сочуство за жртвите во пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian