Жена од Чикаго е уапсена на аеродромот во Флорида, откако пренела лажна дојава поради бомба во авион, пренесува Чикаго Трибјуне.
Марина Вербитски (46) во понеделникот наутро била уапсена на меѓународниот аеродром Форт Лаудердал-Холивуд, соопшти полицијата.
Вербитски на вработените во аеродромот им рекла дека во нејзиниот багаж, кој веќе бил во авионот, имало бомба, откако и било соопштено дека доцни и затоа не може да се качи на летот.
Потоа таа била уапсена, а патниците биле евакуирани. Летот бил запрен, по што во авионот бил извршен претрес, кога се потврдило дека таа дојава била лажна.