Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ и СДСМ се лицемери зашто се појавија во Тетово

1 min read

„Оние кои речиси две години не најдоа ниту еден ден да им помогнат на тетовци во борбата против панденијата, по синоќешната трагедија, без срам, продефилираа на местото каде што изгореа многу души, а беа загубени многу животи“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците поврзано со вчерашниот пожар во тетовската модуларна болница.

„Лицемерието на министрите и функционерите на Владата на СДСМ-ДУИ оди дотаму што бараат истраги, а истовремено ги попречува истрагите, газат на местото на истрагите уништувајќи ги доказите и трагите што би помогнале во расветлување на овој случај.

Сега сме убедени дека не се чувствувате одговорни и совесни, но покажете малку грижа и не додавајте уште повеќе болка на семејствата на жртвите со вашите луксузни и цинични паради“, се вели во соопштението од Алијанса на Албанците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците ги обвинија САД за кршење на мировниот договор

Следно

Тажна вест: Почина легендата на југословенскиот фудбал Данило Попивода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian