Африканска унија: Испратете вакцини во Африка, наместо да давате трета доза

1 min read

Богатите земји би направиле подобро да испратат вакцини во Африка за да помогнат во борбата против глобалната пандемија на Ковид-19, наместо да акумулираат трета, засилувачка доза, за чија употреба се уште нема научни докази, изјави денеска директорот на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Џон Нкенгасонг.

На денешната прес конференција тој рече дека е збунет што некои земји ги занемаруваат советите од Светската здравствена организација да со воздржат од давање трета доза на своите граѓани сè додека повеќе луѓе во светот не ги добијат првите две дози.

Богатите земји, како што се Германија, Франција и Израел, планираат да им дадат на своите граѓани трета доза, поради загриженоста дека имунитетот од стандардниот режим на две дози се намалува.

– Не знаеме во кој момент имунитетот паѓа на ниво кога престанува да нуди заштита, рече Нкенгасонг.

Глобалната програма што обезбедува вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји е на пат да падне за речиси 30 проценти во споредба со претходната цел од две милијарди инјекции оваа година, објавија меѓународните организации што ја предводат таа програма.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренерот не му дозволи на Усаин Болт да настапи и на Игрите во Токио

Следно

(ВИДЕО) Филипче: Тешко се менаџираат посетите во ковид-болниците, засега нема разрешувања поради прекршените протоколи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian