Адеми се враќа на терените, еден од клучните играчи на репрезентацијата

1 min read

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми не можеше да ѝ помогне на Македонија во септемвриските квалификации за пласман на Светското првенство 2022 во Катар поради повредата што ја заработи уште на крајот на јули во квалификациите за Лигата на шампионите.

Повредата на бутниот мускул сега веќе е зад него и тој почна со тренинзи, а се очекува да биде подготвен за следните предизвици на Динамо Загреб.

– Само што почнав посериозно да тренирам, има некои пет дена како сум со тимот. Чувствувам по малку болка, ама тоа во оваа фаза е нормално, зашто сѐ уште има мало воспаление на мускулите. Но, многу е подобро од тоа како беше претходно. Сега се чувствувам како треба.

Јас се надевам дека би можел да играм веќе со Шибеник, ама со Вест Хем сигурно би требало да играм. Секако ако сѐ е добро како што е сега, а се надевам дека ќе биде така – изјави Адеми.

Адеми е еден од клучните играчи во репрезентацијата на Македонија, па затоа ќе биде и повеќе од потребен во последните четири натпревари од квалификациите што ќе се играат во октомври и ноември.

Фудбалерите не можат против традицијата: Доминираа над Романците, но мора да се задоволат само со реми

Фудбалерите не можат против традицијата: Доминираа над Романците, но мора да се задоволат само со реми

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МРТВ во „мрак“ додека гореше болницата во Тетово

Следно

Сочувство од турското МНР за пожарот во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian