18-годишна девојка од Гевгелија почина од Ковид-19, неофицијално била бремена

1 min read

Тинејџерка од Гевгелија, која според Министерството за здравство имала повеќе хронични заболувања, а според неофицијални информации била и бремена, почина од последиците на Ковид-19.

18-годишната девојка побарала лекарска помош во доцната фаза од развојот на симптомите, односно била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба, велат здравствените власти.

Според епидемиолошката анкета, целото семејство било позитивно на коронавирусот, а девојката не била вакцинирана. Таа е втората најмлада жртва на Ковид-19 во земјава од почетокот на пандемијата, по 15-годишната девојка која почина минатиот месец во тетовско.

Денеска беа регистрирани 256 новозаразени со коронавирусот, а стапката на позитивни тестови од вкупните тестирања и натаму е околу десет отсто. Не се намалува нити бројката на починати – во последните 24 часа борбата со вирусот ја загуби 31 пациент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден ќе обелодени нов план за борба со пандемијата во САД и во светот

Следно

Како актерот Жан-Пол Белмондо помогна во основањето и растот на ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian