Заев: Да си ја чуваме оваа убава држава и да останеме деца на светлината

3 mins read

Нека ни се вековити самостојноста и државата! Денеска славиме еден од најсветите и најсветлите датуми, денот на независноста, рече премиерот Зоран Заев на почетокот на своето обраќање по повод Денот на независноста.

– Своите животи, знаење, стремежи го вложиме многу наши сограѓани. Силно е осветлен овој ден затоа што е осветлен од пламенот за создавањето на државноста кои Македонците и Македонците со поддршка на другите заедници. За самостојна македонска држава гинеа нашите дедовци, татковци и мајки. другари и другари. Кога се исцртуваа нови граници на стариот континент, раката на архитектите застануваше кај Македонија, не сакаа да слушнат за желбата на Македонците за своја држаа. Македонскиот народ не водеше окупаторски војни, туку за слобода и правда, на интелектуално поле. Во македонските литературни кружоци великодушноста и мирољибието беа најсилните оружја. Идејата остана да живее. Огнот на таа идеја никој не успеа да го запрета. Само неколку децении подоцна кога државите од Стариот контитент ја победија најголемата закана за човештвото, фашизмот, идејата за македонската држава стана реалност, рече премиерот Заев.

-Не престанавме да ја полеваме со демократија младата фиданка Македонија, која во аманет ни ја остави Глигоров. Нема да отстапиме ниту од визијата на покојниот Трајковски за просперитет, државата и општеството се независни и слободни колку што е независен секој граѓанин на државата, медиумите, правосудството, потенцираше премиерот вечерва во говорот по повод Денот на независноста.

Тој нагласи дека градиме општество во кое сите се еднакви и исто вредат.

-Ја градиме нашата земја со едно општество за сите. Нашите учебници по историја нема да фатат прашина, секој ден имаме нови остварување, постојано испишуваме историја, но се потсеќаме и на историјата од нашите претходници, рече Заев.

-Нашите државни политики е поддршката на здравствениот сектор, нашата следна цел е економско заздравување и раст, поддршка за економијата и зачувување на работните места. Силен отпор кон корупцијата и неправдите. Јубилејот го одбелелжуваме во посебни околности, времето секојдневно потврдува дека масовната вакцинација е единствен начин да се избориме со заканата од ковид – 19. С. Македонија е земја на сонцето и на светлината. Да си ја чуваме оваа убава држава и да останеме деца на светлината. Ние сме за напред, такви да си ги дочекаме сите идни годишнини со нови успеси. Нека ни се вековити самостојноста и државата! Да живее република Северна Македонија!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радукану е чудо од дете, тинејџерката се пласира во полуфиналето на УС Опен

Следно

Мицкоски на паралелна прослава во Битола: ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian