Втор ден без починати од ковид-19 во Тетово, се намалува и бројот на хоспитализирани во тетовската болница

1 min read

Во последните 24 часа нема починати меѓу хоспитализираните пациенти со ковид-19 во тетовската клиничка болница. Поминаа 48 часа или два дена без смртни случаи, а ги имаше секојдневно во болницата во изминатите речиси 30-тина денови.

– Вкупно нови приеми има шест, а исто толку луѓе се пуштени дома по болничко лекување. Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на ковид – центарот, изјави д-р Гзим Нуредини.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, во Тетово има 1437 активни случаи. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион починаа од ковид-19.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пакистан депортира стотици бегалци кои избегаа од талибанците во Авганистан

Следно

Вучиќ: Белград ја цени поддршката на ОБСЕ во областа на медиумските слободи и владеењето на правото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian