Врховниот суд на Грција нареди истрага за сите пријави за лажни сертификати за вакцинација

1 min read

Преку циркуларно писмо испратено до сите обвинителства и судови во Грција, обвинителот од Врховниот суд Василис Плиотас, бара „брза и темелна истрага за сите информации поврзани со фиктивна вакцинација и навремено започнување на кривична постапка против виновните лица, кога ќе се појават доволно докази”, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во писмото, Плиотас додава дека со цел да се почитуваат законите, но и за да се заштити здравјето на граѓаните, корисно би било да се спроведен некој вид на неформална превентивна активност на обвинителите со посета на центрите за вакцинација во нивниот регион за да се информира за процесот.

Исто така, тој бара доколку се откријат голем број лажни сертификати за вакцинација да се спроведе истрага дали станува збор за организирана мрежа.

Фиктивни вакцинации беа откриени во здравствен центар во грчкиот град Кардица, а според медиумите во Грција, контрола се врши во најмалку пет други реони во земјата како за лажни сертификати за вакцинација така и за лажни потврди за прележан Ковид-19.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Вакцините на „Фајзер“, донација од Бугарија ќе бидат аплицирани пред истекот на рокот

Следно

Првиот човек на Ла Лига повторно удри по ПСЖ: Тоа е државен клуб и е непријател на фудбалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian