ВО ЖИВО: Дефиле пред Собранието на Република Северна Македонија по повод Денот на независноста

3 mins read

Празнувањето на 30-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Северна Македонија пред Собранието официјално започнува со изведба на симфонијата “Убави денови” од македонскиот композитор Живоин Глишиќ, специјално напишано за оваа прилика.

Настанот за одбележување 30 години независност на Северна Македонија претставува високо-церемонијална државна манифестација кој се одвива пред Собранието на Република Северна Македонија и која го отсликува историскиот референдум на 8 септември 1991, кога граѓанките и граѓаните на Република Македонија го потврдија илинденскиот и асномскиот континуитет и масовно го дадоа својот глас за независност на нашата држава како суверен меѓународен субјект и за меѓународно признавање како рамноправна членка на заедницата на народите.

Настанот ја отсликува и денешна Северна Македонија која стана дом еднаков за сите граѓани, без разлика на етничката и верска припадност или на социјалниот статус.

Настанот ја отсликува нашата држава која стана едно и еднакво општество за сите, како и нас, граѓаните на Северна Македонија, кои заеднички ги остваривме нашите стратешки интереси што ја определуваат иднината на нашата земја.

Република Северна Македонија денеска е членка на НАТО, засилено се европеизира и подготвена чекори на патот кон Европската Унија.

Настанот предвидува специјално дизајнирано празнично осветлување на Собранието, паркот и некои од околните објекти.

Дефиле на независноста (17:35-18:30)

Дефилето се случува пред Собранието на Република Северна Македонија, со насока на движење од исток кон запад.
Дефилето е сочинето од настап на националните ансамбли и културно-уметничките друштва на сите заедници кои ги негуваат традиционалните народни танци, песни, игри и ора во Северна Македонија. Понатаму, во дефилето ги гледаме рударите, земјоделците, волонтерите на Црвен крст, извидниците, здравствените работници, спортистите, пожарникарите, полицијата и армијата.
Млади и стари, како мозаик од шареноликоста на нашето општество.

Официјален дел (18:30 – 19:30)

Официјалниот дел започнува со изведување на химната на Република Северна Македонија, од страна на воениот оркестар.
На сцената големиот оркестар започнува со изведба на церемонијални дела, додека на потегот на улицата се случува современа кореографија.
Следуваат говорите на државниот врв.
– Обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски
– Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери (видео обраќање)
– Обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев

Музички дел (19:30 – 20:20)

После обраќањето на премиерот, на сцена излегуваат познати поп артисти.
Започнува изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.

Целиот настан проследете го тука со почеток од 17 часот:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” фаворит на локалните избори

Следно

ВИДЕО: „Ми дојде преку глава“ – 14-годишно девојче објасни зошто им крена среден прст на антимаскери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian