Во Мексико абортусот повеќе не е кривично дело

1 min read

Врховниот суд на Мексико го оцени како противуставно третирањето на абортусот како кривично дело, што во оваа доминантно католичка нација се гледа како голема победа за поборниците за здравјето на жените и човековите права.

– Ова е историски чекор за жените, рече судијата на Врховниот суд Луис Марија Агилар.

Одлуката на водечкиот мексикански суд сега отвора можност жените затворени за абортус да бидат ослободени, а може да доведе и до тоа жени од Тексас, кој забрани абортус по шест недели од бременоста, да отидат јужно од границата за да абортираат, коментираат светските агенции.

Во јули, државата Веракруз стана четврта од 32 мексикански држави што го декриминализира абортусот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Лукаревска: Од „буре барут“ станавме фактор на регионална стабилност, нека е честит и вековит Денот на независностa

Следно

Невакцинирани само петмина грчки пратеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian