Чудесниот Ерлинг Халанд постигна вчера „хет-трик“ во победата на норвешката репрезентација над Гибралтар (5:1) во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд така дојде до 12 гол во репрезентативниот дрес на Норвешка во 15 одиграни натпревари.
Но, од оваа статистика не е задоволен 21-годишниот напаѓач кој посакува да има повеќе голови од одиграни мечеви.
– Не постигнувам доволно голови, но сум блиску до просекот на голови по натпревар. Мислам дека треба да постигнувам повеќе голови отколку што имам натпревари – рече Халанд за „ТВ 2“ после дуелот со Гибралтар.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Норвешка е Јерген Јуве кој постигна 33 гола. Најверојатно се очекува „Терминаторот“ да го надмине овој рекорд, поставен во периодот од 1928 до 1937 година, кога Јуве го носеше дресот на норвешката репрезентација.