ВИДЕО: Страотна глетка – пожар ја проголта модуларната ковид болница во Тетово, се споменуваат и жртви

1 min read

На социјалните мрежи се појавија страотни снимки од пожарот во тетовската модуларна болница. Засега нема информации за жртви ниту пак за тоа колку и каде се евакуирани пациентите од запалената болница.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вечерва видно потресена даде куса изјава дека пожарот почнал внатре во болницата, и се проширил со молксавична брзина.

На самото место интервенираат противпожарните служби од Тетово.

Министерот за здравство Венко Филипче кој попладнево присуствуваше на централната церемонија во Скопје по повод Денот на независноста, по дојавата за пожарот итно заминал во Тетово.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Клоп полуде по тинејџерот од Борусија Дортмунд, веќе подготви 95 милиони евра за негов трансфер

Следно

Изгаснат пожарот во модуларната болница во Тетово, Филипче потврди дека има жртви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian