ВИДЕО: Шпанци носеа маски и трчаа со бикови, за првпат од почетокот на пандемијата

1 min read

Првото јавно „трчање со бикови“ од почетокот на пандемијата беше организирано вчера во селото Виљасека де ла Сагра, во шпанската провинција Толедо.

На традиционалниот настан учествуваа околу 900 матадори-аматери, кои бегаа од разбеснетите бикови низ тесните улици на селото.

„Луѓето беа многу желни повторно да ги видат биковите на улиците и ова го гледаат како враќање кон новата нормалност,“ изјави градоначалникот на општината Виљасека де ла Сагра, Хесус Ихоса Лукас.

„Луѓето имаа многу ентузијазам и посветеност за оваа традиција“, додаде тој.

Настанот, кој се одржува еднаш годишно, традиционално е проследен со голема прослава во селото, на која присуствуваат илјадници луѓе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски на паралелна прослава во Битола: ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта

Следно

Ковид билтен: Новозаразени 702 лица, починати 24 пациенти, оздравени 1.119

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian