ВИДЕО: Новинарите до фудбалерот на Шпанија: „Зошто не сакаш да кажеш Косово“?

1 min read

Денеска продолжуваат натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, а шпанската репрезентација од 20.45 часот му гостува на Косово.

Во првиот меѓусебен дуел од овој циклус Шпанците триумфираа над косовската селекција во Севиља годинава со 3:1.

Црвената „фурија“ со нови три бода би направила уште еден важен чекор на патот кон Мундијалот.

Пабло Сарабија, шпанскиот репрезентативец и воедно член на Спортинг Лисабон (на позајмица од ПСЖ) се најде во незгодна ситуација на прес конференцијата во пресрет на денешниот меч.

Имено, косовските новинарите му забележаа дека избегнува да го користи терминот Косово, туку само вели домашниот тим.

Шпанија не го има признато Косово како држава, а тоа очигледно им е јасно и на фудбалерите на Шпанија, па така Сарабија само им одговори на новинарите дека не го разбира прашањето и само неколку пати замавна со главата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакцинирани само петмина грчки пратеници

Следно

САД се консултираат со сојузниците за нуклеарните преговори со Иран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian