(ВИДЕО) Никола Стојановски, прв претседавач со Собранието: Бевме возбудени, но тоа беше убава, позитивна возбуда

2 mins read

Јас како најстар пратеник имав чест да ја отворам и да ја водам првата конститутивната седница. Сите бевме многу возбудени, сите сакаа да земат збор, не знаев на кого прв да му дадам збор. Но, тоа беше убава, позитивна возбуда. Среќен бев што конечно се исполнија нашите желби за самостојна држава, од ништо не ни беше страв иако бевме свесни дека пред нас стојат многу предизвици. Во ниту еден момент не бевме исплашени дека осамостојувањето може да предизвика војна, како што беше случај во другите републики од поранешна Југославија, ниту пак дека е можно некој од приврзаниците на федералниот систем да ја прекине конститутивната седница. За претседател на собраниеето тогаш беше избран Стојан Андов, а во првиот парламентарен состав имаше и жени, тоа беа жените партизанки, учеснички во НОВ.

И денеска, 30 години по независноста сметам дека осамостојувањето на Македонија беше најправилна одлука. Во моментов најголема мака ми е моменталната блокада од страна на Бугарија за влез во ЕУ и оспорувањето на македонскиот јазик. Се чудам што воопшто не го промениле ставот кон нас и кон македонскиот јазик. Уште за време на Втората светска војна тие сметаа дека ние зборуваме на бугарски јазик, ни го наметнуваа и не угнетуваа. Затоа јас и во младоста организирав штрајк во велешката гимназија, бидејќи одбивав да зборувам и да учам на бугарски, а тој штрајк го поддржа целото население. Влезот во НАТО е позитивен чекор напред, а се надевам дека и ЕУ ќе ни ги отвори вратите.

Целиот разговор со Стојановски погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Орден „8 Септември” за првиот претседател на Собранието Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година

Следно

ВИДЕО: Момче доби голема казна поради селфито со Депај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian