ВИДЕО: Момче доби голема казна поради селфито со Депај

1 min read

Момчето што истрча на теренот на натпреварот од квалификациите за Светското првенство помеѓу Холандија и Црна Гора за да се фотографира со холандската ѕвезда Мемфис Депај, поради таквиот потег беше казнето.

Од холандската фудбалска федерација првично одлучија да го казнат 13-годишното момче Амин со петгодишна забрана да присуствува на натпревари, но потоа се премислија.

Тие одлучија дека неговата казна ќе биде 15-месечна забрана присуство на натпреварите, плус дополнителни 45 месеци доколку вакво нешто се повтори во следниот период.

– На сите им е забрането да влегуваат на теренот, без разлика дали се возрасни или деца. Ваквите потези можат да предизвикаат непријатни и несигурни ситуации и не се дозволени, без оглед на фактот дека немало намера да повредиме некого. Ваквите постапки ги охрабруваат другите да влезат на теренот,  што се случи на овој натпревар – беше соопштено од Фудбалската федерација на Холандија.

„Лалињата“ триумфираа убедливо на овој меч против Црногорците со 4:0, а играчот на Барселона Депај двапати се запиша во листата на стрелците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ВИДЕО) Никола Стојановски, прв претседавач со Собранието: Бевме возбудени, но тоа беше убава, позитивна возбуда

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Талибанците ослободиле приведени авганистански новинари откако ги тепале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian