(ВИДЕО) Мишо Докмановиќ: САД со безбедносен чадор врз РС Македонија

1 min read

Процесот на самостојност за Македонија се одвиваше во комплексни внатрешни и надворешни услови. Идејата ја форсираше ВМРО-ДПМНЕ, но претседателот Киро Глигоров направи одлична проценка дека заминувањето на ЈНА требаше да биде без испукан куршум и без жртви.

Американското обезбедување на границите, особено кон Србија, се базираше на проценките дека по Босна, и Македонија може да биде полигон за крвави собитија.

Ова се дел од поентите на професор Мишо Докмановиќ во неговата книга „Сами на своето“ за првите три клучни периоди на патот на државата кон самостојноста. За предизвиците на соседската настрвеност, за Отворен Балкан и затворена Бугарија, професор Докмановиќ зборува во интервју за Утрински брифинг на Слободна ТВ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земјотрес од 4,5 степени ја потресе Босна и Херцеговина

Следно

Пакистан депортира стотици бегалци кои избегаа од талибанците во Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian