ВИДЕО: „Ми дојде преку глава“ – 14-годишно девојче објасни зошто им крена среден прст на антимаскери

1 min read

Осмоодделенка од американската држава Вермонт беше фотографирана како „поздравува“ со среден прст група демонстранти кои протестираат пред нејзиното училиште, барајќи да не се носат маски како заштитна мерка против коронавирусот. Фотографијата набрзо стана вирална, а 14-годишната Фиона Дауни вели дека не знаела оти некој ќе ја слика.

Демонстрантите секојдневно се собираат пред училиштето, носат транспаренти и извикуваат „Маската не е лекот“. Дауни во интервју за Си-ен-ен вели дека била гневна, „ѝ дошло преку глава“ од постојаните протести и оти реагирала инстиктивно.

Фиона во интервјуто објаснува и дека е под стрес поради тоа што постои опасност повторно да бидат затворени училиштата, откако целата измината година била принудена да посетува онлајн настава. Мајката на девојчето вели дека не ѝ замерува поради потегот. Раководството на училиштето соопшти дека нема да има да има дисциплински мерки против Фиона Дауни, бидејќи „ја разбираат нејзината фрустрација“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВО ЖИВО: Дефиле пред Собранието на Република Северна Македонија по повод Денот на независноста

Следно

Нов подвиг за респект: 80-годишниот Ѓорѓи по шест часа возење со велосипед од Маврово стигна во Прилеп

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian