ВИДЕО: Како настанал пожарот ќе кажат истражителите, обвинителите и форензичарите

1 min read

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи веднаш по состанокот на кризниот штаб изјави дека нема да се даваат изјави, ниту детали за трагедијата, се додека не се добијат попрецизни информации по завршувањето на истрагата.

-Што и од што настанал пожарот, тоа можат само истражителите, обвинителите и форензичките служби да кажат. Сите тие се на лице место, ќе работат колку имаат услови вечерва и утре цел ден, изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Изјави не дадоа ниту премиерот Зоран Заев и министрите кои вечерва беа во Тетово веднаш по несреќата, во која официјално, според Министерството за здравство, животот го загубија 10 лица, пациенти во модуларната ковид болница, но се очекува бројката на загубени животи да биде поголема.

Премиерот Заев преку Фејсбук изрази сочуство до семејствата на жртвите.

-Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, напиша Заев на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јавното обвинителство врши увид на местото на пожарот во Тетово

Следно

„Слободен печат“ дознава: Нема жртви меѓу медицинскиот персонал, 10 лица се извадени живи од огнот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian