ВИДЕО: Италија им се врати на победите, Германија доминира под палката на Флик, дербито без победник

1 min read

Актуелниот европски шампион Италија по киксот во претходните два меча во квалификациите за Мундијалот во Катар кога одигра нерешено против Бугарија и Швајцарија, вечерва ја растури Литванија и им се врати на победите.

Италијанците славеа со 5:0, а работата ја завршија уште во првото полувреме кога со головите на Моисе Кин (два гола), Распадори и автоголот на Уткус имаше предност од 4:0. Конечниот резултат го постави Ди Лоренцо во второто полувреме.

Репрезентацијата на Германија под водство на новиот селектор Ханси Флик игра одлично и на трите натпревари во септемри има три победи со гол разлика 12:0. Последна жртва на Германците е Исланд кој е совладан со 0:4. Гнабри, Рудигер, Сане и Вернер ги постигнаа головите за „панцирите“.


Дербито на вечерта се одигра во Варшава каде Полска и Англија одигра без победник 1:1.
Англичаните поведоа со голот на Хари Кејн во 72 минута, но Шимански во судиското продолжение донесе израмнување.


Резултати:

Група Б
Грција – Шведска 2:1
Косово – Шпанија 0:2

Група Ц
Северна Ирска – Швајцарија 0:0
Италија – Литванија 5:0

Група Е
Белорусија – Белгија 0:1
Велс – Естонија 0:0

Група И
Албанија – Сан Марино 5:0
Полска – Англија 1:1
Унгарија – Андора 2:1

Група Ј
Ерменија – Лихтенштајн 1:1
Исланд – Германија 0:4
МАКЕДОНИЈА – Романија 0:0

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зверев ја потврди одличната форма, преку Херис во полуфиналето на УС Опен

Следно

Радои: Задоволен сум од играта, не успеавме да ја исфрлиме Македонија од битката за второто место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian