ВИДЕО: И математиката го кажа своето, Роналдо е најдобриот играч на сите времиња

1 min read

Новиот член на ПСЖ Лионел Меси е веднаш зад Кристијано Роналдо, а Диего Армандо Марадона е дури на деветтото место.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер во историјата, според студијата на водечкиот професор по математика на Универзитетот во Оксфорд, Том Крофорд!

Научникот состави список од 10 најдобри фудбалери на сите времиња, земајќи ги предвид седум фактори: клупски голови, клупски титули, меѓународни голови, меѓународни титули, „Златна топка“, индивидуални рекорди и „сезони со Z-фактор“, кои се доделуваат за особено решавачки сезони како онаа на Роналдо 2013/14 во која постигна 17 голови во Лигата на шампионите.

Крофорд најпрво го намали изборот за најдобар играч досега имајќи ги предвид само оние играчи кои ја освоиле „Златната топка“ најмалку двапати. Потоа му останаа 13 играчи, а откако ги примени споменатите категории, прво ги избра тие 10 најдобри – а потоа и самиот Роналдо како најдобар.

Португалецот освои 537 од можните 700 поени, пред Лионел Меси кој ја зазеде втората позиција. Роналдо, воедно се одвојува како најдобар на сите времиња со „индекс резултат“ 100 пред 94 на Меси.

Пеле е на третото место на листат најдобри на сите времиња, Унгарецот Ференц Пушкаш е четврти, Бразилецот Роналдо е петти, Марко ван Бастен е на шестото место, а потоа следуваат Алфредо Ди Стефано, Мишел Платини, Марадона и Јохан Кројф.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

До вчера 13 502 лица се провериле во Избирачкиот список, утре завршува увидот

Следно

ВИДЕО | НАТО заедно со нас го слави Денот на независноста: Запознајте ја специјалната единица „Волци“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian