ВИДЕО: Човекот кој го „испрати“ Болт во пензија ја завршува кариерата

1 min read

39-годишниот американски атлетичар Џастин Гетлин ја завршува својата богата, но и турбулентна кариера. Најавено е дека тој ќе ја истрча последната трка на митингот на 14 септември годинава во Белинцона, Швајцарија.

Гетлин е еден од најдобрите спринтери во историјата, воедно неговата кариера беше проследена со контроверзии. Двапати беше суспендиран на две години поради допинг, се врати и повторно победуваше.

Гетлин е освојувач на пет олимписки медали во спринт и шампион на 100 метри од Атина. Најголемата победа во неговата кариера секако е онаа од Лондон во 2017 година, кога стана светски шампион победувајќи го легендарниот Болт, кој се пензионираше после тоа.

Најсветлите моменти во кариерата на Гетлин се случија на Олимписките игри во Атина во 2004 година, кога освои три медали. Тој триумфираше на 100 метри, зеде сребро во штафета 4 × 100 метри и се закити со бронза во трката на 200 метри. Неговиот личен рекорд на 100 метри е 9,74 секунди, а на 200 метри е 19,57 секунди.

Освојувачот на 12 медали на Светските првенства беше казнет за употреба на допинг во 2006 година. Четири години подоцна, тој се врати на патеката и на 30-годишна возраст стана вториот најбрз човек на светот со 9,80 секунди.

На Олимпијадата во Лондон 2012 година, Гетлин освои бронзен медал на 100 метри. Тој повторно беше на подиумот на Игрите во Рио, овој пат со сребро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тренески: Овој ден е ден кој што треба да обединува

Следно

Честитка од Мета: Задоволство ми е високо да го оценам напредокот на односите и соработката меѓу нашите земји

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian