Како што објавија од фудбалскиот клуб на Вардар, од денеска нивни нов играч е Иван Николов, 19-годишниот фудбалер од средниот ред.
Станува збор за доскорешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години.
Досега Николов ги бранеше боите на ФК Академија Пандев, по што од ова лето стана слободен играч. Претходно играше и за младинскиот тим на Брегалница.
Еден од најголемите македонски таленти и со „црвено-црните“ оваа сезона ќе има задача да се врати скопскиот клуб во елитата.
Вардар не ја започна најдобро сезоната во Втората лига – Запад, имаше реми против Кораб во Дебар, а загуби во дербито против Силекс. Следен предизвик ќе биде составот на Воска Спорт в сабота после репрезентативните обврски.