Јувентус пред колапс, за една година загуби 190 милиони евра

1 min read

Трофејниот италијански тим полека чекори кон бездната и тоа не само на фудбалски план туку и на финансиски, пишуваат италијанските медиуми.

„Старата дама“ која е најмоќен клуб во Италија, наскоро може да се најде во големи финансиски проблеми бидејќи финансиската година 2021/21 ќе ја заврши со загуба од 190.7 милиони евра.

Тоа е повеќе од двојно од 89.7 милиони, колку што изнесуваше загубата од претходната. Ова воедно ќе биде четврта година по ред како Јувентус пријавува загуби.

Јувентус е еден од ретките клубови во Италија кој е сопственик на стадионот на кој игра, така што има многу поголеми приходи од влезници од останатите италијански екипи. Но, во исто време тоа значи и дека пандемијата на коронавирусот многу повеќе ја погоди „старата дама“ од останатите екипи во Серија А.

Но, голем дел од вината за големите загуби има и управата поради лошата трансфер политика. Минатата сезона Јувентус остана без титулата откако девет години доминираше во Серија А, а на почетокот од сезонава остана без најголемата ѕвезда на светскиот фубдал, Кристијано Роналдо.

Трансферот на Португалецот изнесуваше 105 милиони евра, а Јувентус годишно издвојуваше 30 милиони евра за неговата плата, а резултатите изостанаа на теренот.
Можеби сега е појасно зошто првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели е еден од најголемите поборници на европската Суперлига.   

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хајко Мас: Составот на авганистанската влада не предизвикува оптимизам

Следно

Абазовиќ за судирите на Цетиње и сеирот на Чанак: Тешко на Црна Гора ако тој ја брани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian