Убедлив пораз на одбојкарите од Русија за крај на настапот на ЕП

1 min read

Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 0:3 (15:25,13:25,18:25) од Русиа ги заврши настапите на Европското првенство.

Одбојкарите очекувано доживеаја пораз од една од најсилните светски репрезентации која доминираше во сите делови одиграта. Во сите три сета, Русите одлично сервираа, а во одбраната блокот функционираше беспрекорно, па сите обиди на избраниците на селекторот Николиќ да фатат резултатски приклучок со мини серии беа безуспешнии .
Најголем отпор, одбојкарите пружија во третиот сет кога освоија 18 поени.

Македонија во петте натпревари од групата Ц забележа пет порази, од Финска со 3:1 во сетови, од Холандија (3:0), Турција (3:0), Шпанија (3:1) и од Русија (3:0) и го освоија последното шесто место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА: Дефиле на војници, полицајци, рудари, спортисти, здравствени работници

Следно

Кина ќе обезбеди итна помош од 30 милиони долари за Авганистан за храна, лекови и вакцини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian