Тренески: Овој ден е ден кој што треба да обединува

3 mins read

Овој ден е ден кој што треба да обединува без разлика кој на што припаѓа, партиски или идеолошки, истакна поранешниот министер во првата македонска влада Мартин Тренески на трибина во Битола посветена на државниот празник 8 Септември.

На трибината „30 години се грижиме за Македонија“ Тренески нагласи дека празникот треба да се слави на едно место и без паради.

– Овој ден е ден кој што треба да обединува без разлика кој на што припаѓа, партиски или идеолошки. Во оваа земја некои луѓе треба да се освестат, да се опаметиме бидејќи заканите за опстанок и како нација и како држава се премногу големи. Да се радуваме на овој ден и нека не освести затоа што ние немаме алтернативна татковина, оваа Македонија е единствено што ни остана и мораме сите да дадеме максимум за да си ја сочуваме, а ќе ја сочуваме ако имаме разбирање и толеранција едни кон други, а не едни да се собираат во Битола, други во Скопје, рече Тренески.

Според поранешниот амбасадор Маријан Ѓорчев во овие 30 години можело и подобро, но една од причините е и традиционалното неединство на македонските политички партии.

– Во овие 30 години самостојност научивме дека модерниот свет е свет на еднаквост, но нашата Република Македонија за жал е во редот на земјите кои што се сиромашни и потценети. Сите заедно треба да гледаме далеку напред, потребен е обединет македонски поглед за сите надежи и перспективи и можности за опстанок на македонската држава, на македонскиот суверенитет и за личен и семеен просперитет и среќа на македонските граѓани. Резолуцијата што ВМРО ДПМНЕ ја поднесе во Парламентот и што се изгласа едногласно, а беше поддржана и од албанскиот политички блок покажа дека ние имаме капацитет кога нешто е важно за државата да изградиме унисон став по прашњето на македонската државотворност и државнички атрибути, нација и јазик. Без тоа, ние како македонска држава не ќе можеме да опстанеме, посочи Ѓорчев.

Свои обраќања на трибината „30 години се грижиме за Македонија” имаа и поранешниот премиер, министер и пратеник Емил Димитриев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски и првиот градоначалник на Општина Битола Златко Милошевски.

Свеченостите по повод денот на независноста ќе бидат завршени вечер на плоштадот „Магнолија” со централна прослава на која ќе се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: МИА

Мицкоски: Денот на независноста – круна на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Белград ја цени поддршката на ОБСЕ во областа на медиумските слободи и владеењето на правото

Следно

ВИДЕО: Човекот кој го „испрати“ Болт во пензија ја завршува кариерата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian