САД се консултираат со сојузниците за нуклеарните преговори со Иран

1 min read

САД сакаат да се консултираат со сојузниците за тоа каков став ќе се заземе кон Иран за време на разговорите во Париз и Москва оваа недела, со оглед на тоа што не е познато во која насока би можеле да се одвиваат разговорите и како ќе се развива нуклеарната програма на Техеран.

Неименуван американски функционер, кој инсистирал на анонимност, за една светска агенција изјавил дека разговорите со сојузниците, кои ќе ги води Роб Мели, специјалниот пратеник на САД за преговори со Иран, ќе се однесуваат и на претстојниот состанок на бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Тој, сепак, додаде дека патувањето во Европа било планирано многу порано и оти неговиот фокус ќе биде „нуклеарната дипломатија со Иран, односно дека тоа ќе биде појдовна точка за разговори”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Новинарите до фудбалерот на Шпанија: „Зошто не сакаш да кажеш Косово“?

Следно

Насер Зибери по повод 30 години независност: Имаме подеми и падови, но и отворени перспективи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian