„Рисовите“ против традицијата: Македонија нема триумф на Денот на независноста

1 min read

Денеска Македонија одбележува 30 години независност и посакуваме роденденот да биде крунисан со победа на најдобрата македонска фудбалска репрезентација против Романија во рамките од квалификациите за Светското првенство 2022 Катар.

Од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје нашите најдобри фудбалери ќе се обидат да им се вратат на победите, последната ја имавме на 4 јуни годинава во пријателскиот меч со Казахстан дома (4:0).

Оттогаш имаме три порази на Европското првенство, од Австрија, Украина и Холандија, а овој месец ремизиравме со Ерменија и Исланд во мундијалските квалификации.

Освен борбата за трите бода, денеска играчите на селекторот Благоја Милевски ќе играат и против традицијата која вели дека никогаш не сме триумфирале на Денот на независноста.

Квалификации за ЕП
8 септември 1999 година
Македонија – СР Југославија 2:4

Квалификации за ЕП
8 септември 2002 година
Лихтенштајн – Македонија 1:1

Квалификации за ЕП
8 септември 2007 година
Русија – Македонија 3:0

Квалификации за ЕП
8 септември 2014 година
Шпанија – Македонија 5:1

Квалификации за ЕП
8 септември 2015 година
Македонија – Шпанија 0:1

Лига на нации
8 септември 2020 година
Грузија – Македонија 1:1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Денот на независноста – круна на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава

Следно

Туше Гошев по повод 30 години независност: Задачата што си ја зададовме не е завршена до крај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian