Радукану е чудо од дете, тинејџерката се пласира во полуфиналето на УС Опен

2 mins read

Британската тенисерка Ема Радукану обезбеди пласман во полуфиналето на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен, откако во четвртфиналето ја совлада олимписката шампионка Белинда Бенчич со 6:3,6:4.

Интересно е што 18-годишната британска тенисерка дојде до полуфиналето на својот втор настап на грен слем турнир. Радукану преку квалификациите обезбеди настап на УС Опен, а се уште нема загубено сет во Њујорк и стана третата тениска во историјата на опен ерата која е надвор од топ 100, а стигнала до полуфиналето.

Таа моментно е на 150 место на ВТА ранг листата, а пред неа ваков подвиг остварија уште Ким Клајстерс во 2009 година и Били Џин Кинг во 1979 година.

Мечот подобро го отвори олимписката шампионка Бенчич која направи брејк уште во првиот гем, а во следните четири гема и двете тенисерки беа сигурни на свој сервис. При резултат 3:2 за Бенчич, Радукану ја презеде иницијативата и направи два брејка и го освои првиот сет со 6:3.

Во вториот сет беше направен само еден брејк, Радукану во петтиот сет го одзеде сервисот на Бенчич и потоа со сигурен сервис ја задржа предноста за освојување на сетот со 6:4 што воедно значеше и конечен триумф и пласман во полуфиналето.

За пласман во финалето, Радукану ќе игра со подобрата од мечот помеѓу Каролина Плишкова – Марија Сакари.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џафери: Да ја чуваме татковината и да делуваме сите заедно и сплотени во иста насока

Следно

Заев: Да си ја чуваме оваа убава држава и да останеме деца на светлината

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian