Радои: Задоволен сум од играта, не успеавме да ја исфрлиме Македонија од битката за второто место

1 min read

Репрезентацијата на Романија успеа да ги издржи нападите на „црвено-жолтите“ и да остане непоразена на Нациоаналната Арена „Тодор Проески“ во шестото коло од квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Романскиот селектор Мирел Радои е задоволен од ремито и од играта на неговите избраници.

– Задоволен сум од играта. Имавме две цели на денешниот меч. Едната цел беше победа, а втората цел беше да задржиме 0-0 до 70. минута, а потоа да се обидеме да дојдеме до триумф. Можам да кажам дека добро се одвиваше натпреварот, имаше моменти кога можевме нешто да искористиме, но сега останува на нас да анализираме. Живееме во време во кое мораме да имаме алтернативи. Во овој период се соочуваме со многу проблеми поврзани со короната и со повредите, па затоа секогаш мораме да имаме и алтернативен план кој се користи на два до три дена пред натпреварот. Останува приоритет освојување на второто место. Не успеавме да ја исфрлиме Македонија од трката и до крајот не очекува голема борба за тоа место – изјави Радои на прес-конференцијата по натпреварот. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Италија им се врати на победите, Германија доминира под палката на Флик, дербито без победник

Следно

Итен кризен штаб во Општина Тетово предводен од премиерот Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian