Путин на жешка телефонска линија со Мишел: ЕУ води дискриминаторска политика кон Крим

1 min read

 Рускиот претседател Владимир Путин денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и истакна дека ЕУ продолжува да води дискриминаторска политика во однос на Крим.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин ја нагласил провокативната природа на иницијативата на украинското раководство да се одржи таканаречен „самит на врвот” на „Кримската платформа”, и покрај фактот што прашањето за враќање на Крим на Руската Федерација е финализирано уште во март 2014 година.

Во овој поглед, вниманието го привлекува фактот дека Европската унија продолжува да води дискриминаторска политика кон луѓето од полуостровот, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Годинава нема да има Светско клупско првенство?

Следно

Македонските граѓани се вацинираат – досега вкупно 750.893, вчера 13.232 примија вакцина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian