Првиот човек на Ла Лига повторно удри по ПСЖ: Тоа е државен клуб и е непријател на фудбалот

1 min read

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас повторно удри во ПСЖ нарекувајќи го францускиот тим непријател на фудбалот.

Откако ПСЖ ова лето ги донесе Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум и Ашраф Хакими, стана инстант фаворит за триумф во Лигата на шампионите. Но, Тебас смета дека „светците“ се проблем кој треба да се реши.

– ПСЖ изгледа како лига на легенди поради годините на некои од играчите. Ла Лига има млади фудбалери како што е Винисиус Жуниор. Ќе го решиме проблемот наречен ПСЖ, тоа што тие го прават е подеднакво опасно како и Суперлигата. Ние ќе продолжиме да растеме иако Меси си замина, ПСЖ е непријател исто како и Суперлигата вели Тебас.

Првиот човек на Ла Лига истакна дека ниту еден играч од Ла Лига не е незаменлив, притоа мислејќи на заминувањето на Меси и Рамос токму во ПСЖ, и повтори дека принципот на функционирање на францускиот тим е неодржлив.

– ПСЖ моментно троши повеќе од 600 милиони евра на плати. Француските телевизии не сакаат да дадат повеќе од 70 милиони евра за ТВ преноси, пријави комерцијални загуби кои се 30 проценти поголеми од европскиот просек. Тоа не е одржливо.

Поради него Меси си замина од Барселона, а сега го критикува ПСЖ: Тие ќе го уништат фудбалот

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Врховниот суд на Грција нареди истрага за сите пријави за лажни сертификати за вакцинација

Следно

Комплетирана градоначалничката листа на СДСМ – Николчо Илиев ќе се бори за втор мандат во Кочани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian