Претседателот на Големото народно собрание на Турција Мустафа Шентоп, упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на Северна Македонија, пренесува агенцијата Анадолија.
Според соопштението на турскиот Парламент, Шентоп упати честитки до претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.
Шентоп им го честиташе Денот на независноста на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија и на Џафери.
Тој нагласи дека верува оти односите меѓу Турција и Северна Македонија, како и блиската соработка меѓу парламентите на двете земји, во наредниот период уште повеќе ќе се развијат во секоја област, во насока на заедничките интереси на народите на двете земји, и ќе продолжат да придонесуваат во стабилноста на регионот.
Извор: МИА