Претежно облачно, највисоката температура до 27 степени

1 min read

Времето во земјава ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во крајните западни и крајните источни делови. Температурата дополнително ќе се намали. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Авганистанската нова Влада со познати лица, предводена од личност од листата на терористи на ОН

Следно

Рестораните во Бугарија ги бојкотираа владините мерки против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian